четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Десет граѓани од Авганистан кои привремено престојуваа во земјава заминаа за Франција

Десет граѓани од Авганистан кои привремено престојуваа во земјава заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Македонија, замина синоќа од Меѓународниот аеродром Скопје. Прибежиште им обезбеди Француската Република, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата, соопшти владината прес-служба.

Македонија учествува во меѓународната хуманитарна мисија со тоа што досега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

За периодот на престој во земјава им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, стои во соопштението.

Најнови вести