Убиството со нож на конзервативниот пратеник, сер Дејвид Ејмс во Леј-он-Си, Есекс е прогласено за терористички инцидент, потврди Метрополитен полицијата.
Како што пренесе ДПА, истрагата ја предводи антитерористичка полиција.
Ејмс (69), кој го претставуваше западен Саутенд во Есекс беше нападнат во Методистичка црква. Тој беше хоспитализиран и опериран, но им подлегна на повредите.
По нападот полицијата уапси еден маж и соопшти дека нема да трага по други лица.