сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бил Клинтон излегува од болница

Бил Клинтон излегува од болница

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се очекува денеска да биде пуштен од болница во Калифорнија, каде што се лекува од инфекција неповрзана со Ковид-19, соопшти неговиот портпарол.

Клинтон заздравува од инфекцијата и наскоро ќе биде отпуштен од болница, изјави вчера актуелниот претседател на САД, Џо Бајден.

Бајден истакнал дека разговарал со Клинтон, кој во вторникот бил сместен во болница во Калифорнија поради уринарна инфекција.

-Добро му е, навистина. Не е во сериозна ситуација. Наскоро ќе излезе, колку што разбрав. дали тоа ќе биде утре или ден подоцна, не знам, вели Бајден.

Клинтон бил примен во болница бидејќи уринарната инфекција влегла во крвотокот, но не дошло до состојба на септички шок, која може да го загрози животот.

Клинтон (75) беше претседател на САД од 1993 до 2001 година.