петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во ова село има само 11 гласачи

Во ова село има само 11 гласачи

Околу 30% од гласачите гласаа до 12 часот во планинското село Трибичини, во општина Василево. Но, овој процент го постигнале само 3 гласачи. Бидејќи во цело село има вкупно 11 избирачи, објавува Телма.

Во селото е раздвижено. Речиси во секоја куќа има по некој. Сопствениците на куќи и викендици се трудат да го заживеат, но велат дека по масовните миграции во 70 години на 20 век, последниве години има повторно голем интерес за селото, особено откако има пат и водовод.

Трибичино не е недостапно место. Од Струмица е оддалечено петнаесетина километри, па затоа и има интерес за рурален туризам.

Инаку, во селото постојано живеат околу петмина жители. Останатите доаѓаат повремено.

Најнови вести