Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на првиот круг од локалните избори 2021, гласаше на избирачкото место 2489.
– Според досегашните информации, еве веќе половина од изборниот ден во првиот круг се одвива во генерално позитивна атмосфера. Јас се надевам дека до крајот на изборниот ден ќе остане така, и се разбира и по 19:00 часот, во периодот кога треба да ги пребројуваме и објавуваме резултатите од локалните избори. Меѓутоа, секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес, значи очекувам и на 31 октомври, за време на вториот круг да го задржиме интегритетот и кредибилитетот на избирачкиот процес. Благодарам, изјави Пендаровски по гласањето.