четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Силно светнал ден, продолжуваме за убаво Ѓорче

Стојкоски: Силно светнал ден, продолжуваме за убаво Ѓорче

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски денеска им се заблагодари на поддршката на сите граѓани.

-Силно светнал ден во Ѓорче. Благодарам на големата поддршка ѓорчепетровци, ова е победа на сите луѓе во Ѓорче. Продолжуваме за убаво Ѓорче, вели Стојкоски.

Стојкоски, според податоците на ДИК, на обработени 81 процент избирачки места води со над 2.000 гласа разлика. Дали ќе запише победа во првиот круг, или во Ѓорче Петров ќе се оди во втор круг останува да се знае по пребројувањето на гласовите од страна на ДИК.