Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за градот Прилеп, Борче Јовчевски победи уште во првиот круг и тоа со убедливо водство.
Јовчевски освои 22.196 гласови од пребројаните 100% на ДИК, додека против кандидатот од СДСМ, Горан Сугарески освои 14.655 гласови.
Според резултатите во Советот на општината најмногу советници освои ВМРО-ДПМНЕ, додека најмалку советници освоила Левица.
Советнички мандати Прилеп:
ВМРО-ДПМНЕ – 13
СДСМ – 10
ЛЕВИЦА – 2