четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ освои апсолутно мнозинство и во советот на општина Свети Николе

ВМРО-ДПМНЕ освои апсолутно мнозинство и во советот на општина Свети Николе

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашните локални избори изддвојуваа големи победи во повеќе општини во државата, меѓу нив е и општината Свети Николе, каде новиот градоначалник Дејан Владев ќе биде токму од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со победа уште во првиот круг.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ во Свети Никола издвојува голема победа и на советничката листа, каде што мнозинство во советот ќе има МРО-ДПМНЕ.

Според резултатите на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ во советот ќе брои 8 советнички места, СДСМ 5, Левица 1 и Ристе Андонов 1.

Вака распределените советнички места во Свети Николе го прави ВМРО-ДПМНЕ со апсолутно мнозинство во советот.