Кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на ГРОМ Стевче Јакимовски влезе во вториот круг по пребројаните 100% од гласовите на ДИК.
Имено тој освои 6.830 гласови, додека второ пласираниот Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ има 6.551 глас.
Прво пласиран е Душко Весковски од СДСМ со освоени 9.296 гласа.
Во советот на Карпош мнозинството ќе го има СДСМ, додека најмалку советници ќе имаат ГРОМ и Група избирачи Невена Георгиевска.
Советнички мандати Карпош:
ГРОМ – 2
ВМРО-ДПМНЕ – 7
СДСМ – 8
ЛЕВИЦА – 4
НЕВЕНА ГЕОРГИЕВСКА – 2