четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Сагосен заминува од Кил

Сагосен заминува од Кил

Ракометната интернет-страница „Хендбол Планет“ објави дека норвешкиот ракометар Сандер Сагосен се најавува дека во Норвешка се создава ракометен „дрим-тим“.

Екипата на Колштад се подготвува за големи вложувања и е подготвена да носи големи ракометни имиња. Едно од нив е 26-годишниот Сагосен, кој во моментов е член на бундеслигашот Кил.

Сагосен има договор со Кил до 2023 година, а „Хендбол Планет“ пишува дека тој не планира да го продолжи и негова следна дестинација ќе биде Колштад.

Норвежанецот во редовите на Кил пристигна во 2020 година од ПСЖ, а претходно играше за Алборг, Хаслум и сега актуелниот Колштад кој е негов матичен клуб.