четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кил во Скопје и без Ландин?

Кил во Скопје и без Ландин?

Данскиот голман и член на германскиот биндеслигаш Кил, Никлас Ландин би можел да го пропушти натпреварот против Магдебург во Бундес лигата, како и средбата против Вардар во Лигата на шампионите в среда во Скопје.

Ландин се повреди на дуелот против Пик Сегед и не можеше да го заврши натпреварот така што постои голема можност да го нема во составот на „зебрите“ во Скопје следната седмица.

Под знак прашалник се и Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд кои се позитивни на Ковид 19.