Новата иднина значи и промена на реалноста во која живееме. Реалноста и голиот живот кој покажува дека имаме власт која е корумпирана, криминална. Власт која се пазари со нашите најсвети чувства, власт со која цели 5 години се вртиме во истиот круг. Ја нема ниту Европската Унија која толку многу ја ветуваа, нема ниту живот каков што убедуваа дека ќе донесат. Но затоа има борба за тендери, понижувања, притисоци и порази, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во општина Вевчани.
Мицкоски ја искоментира оставка на Ѓорѓиев, посочувајќи дека владата на СДСМ и Заев му правела притисоци да попушти за нешто во што не верува како историчар, односно како што рече тој под налетот на желбата на Заев да направи уште една трговија на штета на Македонија, а во корист за Бугарија.
-Замислите член на историската комисија си поднесе оставка затоа што неговата, нашата македонска влада вели дека му правела притисоци да попушти за нешто во што не верува како историчар, под налетот на желбата на Заев да направи уште една трговија на наша штета, а на корист за Бугарија. Па има ли поголем блам од ова за Владата. Заев работи како да не е на чело на македонска влада. Кој знае какви нови ветувања им продава сега на Бугарите, додека молчи за оставката на историчарот Ѓорѓиев, додаде Мицкоски.
„Во однос на најавата на Заев дека играта се менува и дека ја сфатиле пораката од народот по поразот од првиот круг на локалните избори, претседателот Мицкоски вели дека Заев тоа го прави само поради избори и е само уште еден начин за да ги излаже граѓаните и да продолжи да се однесува пак по старо, укажувајќи дека е сигурен дека народот на Македонија на 31ви октомври ќе му порача дека играта е завршена, потенцирајќи дека само така ќе се стави крај на лагите, разочарувањата и корупцијата“, вели Мицкоски и додава:
-И драги пријатели, кога Зоран Заев вели дека се менуваат во работата, знајте дека тоа го прави само поради изборите, и тоа им е начинот како да излажат повторно за да продолжат со старото однесување. Кога Заев најавува “game change”, како што тој вчера нарече, тогаш сигурен сум народот на Македонија во недела ќе му испорача “game over”, играта заврши. Game over е потребен затоа што само така ќе им се стави крај на лагите, разочарувањата и корупцијата кои му ги носат на народот цели 5 години. Ќе има “game over“ за Заев затоа што народот го прочита дека волкот влакното го менува карактерот не. И затоа што нема “game change“ кога веднаш до него се Венко Филипче во чиј мандат починаа над 7000 луѓе од корона и 14 живи изгореа, Љупче Николовски Путерот кој е министер за борба против корупција, во најкорумпираната влада во Европа, и арогантниот самобендисан Петре Шилегов чиј личен имот се зголемува од година во година. И навистина е тажно што ова за Заев е само игра, и таа негова игра народот го чинат упропастени судбини и сиромаштија. Затоа што воопшто не е игра кога ќе нема одговорност за ниту една грешка, за ниту еден криминал кој го направи досега.