Пејачката Сека Алексиќ неодамна направи промена и ја скрати косата, призна дека ослабела десет килограми и од ден на ден се повеќе е воодушевена од својот изглед.
Имено, Сека сега позираше во костум, а многумина ја пофалија нејзината линија и новиот имиџ. Инаку, пејачката неодамна откри зошто решила да се смени и како успеала да ги изгуби вишокот килограми.
– Воопшто не планирав да се ишишам. Така ми дојде. Ми се допадна овој аутфит и се замислував со ваква фризура и сакав кратка фризура, се изморив од косата, откри Сека која ослабе дури 10 килограми.
– Здрава исхрана, не е диета, јадам пет оброци на ден. Вељко јаде се што ќе остане, но само здраво. Најголем проблем ми е што сум готвачка, домаќинка која готви и меси, а потоа едноставно во еден момент претерав. Но, тоа често ми се случува – додаде таа.
View this post on Instagram