четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВОЗИ „БЕСНА МАШИНА“ КАБРИОЛЕТ – Сека Алексиќ не ги жали парите за да го има во колекцијата овој автомобил (ФОТО)

ВОЗИ „БЕСНА МАШИНА“ КАБРИОЛЕТ – Сека Алексиќ не ги жали парите за да го има во колекцијата овој автомобил (ФОТО)

Српската пејачка Сека Алексиќ со години работи напорно и настапува, поради што може да си дозволи луксузен живот.

Тоа значи скапа облека, чанти, накит, но и прекрасна вила во Стара Пазова каде што живее со семејството.

Покрај тоа, Сека вложува многу во квалитетот на автомобилите во кои патува на снимањата и на настапите, а еден од нив во нејзината колекција е и кабриолетот Мерцедес.

Екипата на „Телеграф.рс“ ја сликаше пејачката неодамна излегувајќи од еден настан и влегувајќи кон својот автомобил.

Станува збор за црн мерцедес со покрив што се повлекува.

Инаку, според податоците од официјалниот сајт за продажба на овој автомобил, пишува дека нејзиниот автомобил чини вртоглави 79.550 евра.

Автомобилот има автоматски менувач и 9 брзини и сите најнапредни додатоци и технологии.

Според медиумите, Сека во својата колекција има неколку возила.

Имаат уште една бесна машина, бел „Jeep GL AMG“, за кој издвоила околу 120.000 евра.

Foto: Nikola Tomić

Најнови вести