вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Над 60 граѓани даруваа крв во акција организирана од општината Карпош

Над 60 граѓани даруваа крв во акција организирана од општината Карпош

Заинтересирани граѓани и дел од општинската администрација на Карпош денеска даруваа крв во пресрет на 3 Ноември, Денот на таа општина.

Од општината соопштија дека станува збор за традиционална крводарителска акција која локалната самоуправа ја организира во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина.

Донираните единици крв ќе помогнат на граѓаните кои се борат со различни болести. Истите се особено потребни во ек на оваа пандемија, каде што крводарителските акции беа ограничени, а денеска истите се спроведуваат под посебни протоколи.

Во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, крв донираа над 60 граѓани. Општина Карпош на сите крводарители, како и на присутните медицински лица им се заблагодарува за покажаната хуманост и солидарност. Преку овие вредности ја градиме и нашата општина Карпош, која оваа година одбележува 45. години од своето формирање, информираа од општината.  (МИА)