вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Села: Од понеделник ново и стабилно парламентарно мнозинство

Села: Од понеделник ново и стабилно парламентарно мнозинство

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Тој порача дека ќе има ново стабилно мнозинство.

„Коалициските партнери на Заев нема да сакаат да одат со Заев на наредните избори, затоа што гледаат дека Заев тоне. Тие имаат и пратеници сега. Ние ќе создадеме ново мнозинство“, посочи Села.

На прашање на модераторот колку пратеници има, Села истакна дека 12 имаа АА, ВМРО-ДПМНЕ 44, а тоа се 56.

Модератор: Каде уште 5?

Села: Ќе видите од понеделник

Модератор: Левица?

„Немам контакт со нив, ќе видиме. Ќе земеме можеби и од ДУИ пратеници. Како и да е, од понеделник ќе започне процесот на собирање на доволен број пратеници и создавање на ново владино мнозинство!“, порача Села.