четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Два сребрени медала за македонските каратисти на ЕП во Белград

Два сребрени медала за македонските каратисти на ЕП во Белград

Македонската репрезентација во традиционално карате на вториот ден од Европскиот шампионат што се одржува во Белград освои два сребрени медала во кадетска и јуниорска конкуренција.

Антонија Белазелкоска го освои второто место во фукуго за јуниорки, а со сребрен медал се закити и Мила Младеновска во фукуго за кадетки.

Максимилијан Глигоров и Иван Пиневски имаа солиден настап во јуниорска конкуренција, но не успеаја да се искачат на победничкиот пиедестал.

На Европското првенство во традиционално карате утре е последен ден со борби во сениорска конкуренција, на кои ќе настапат Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Бојан Богдановиќ.