петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров ги собра ракометарите, Македонија почнува со подготовките за ЕП

Лазаров ги собра ракометарите, Македонија почнува со подготовките за ЕП

Македонската машка ракометна репрезентација денеска го има собирот пред почетокот на ЕХФ неделата, која почнува од утре, а завршува на 7 ноември.

Селекторот Кире Лазаров повика 22 ракометари, од кои на денешниот собир ќе недостигнаат неколкумина, пред се оние кои настапуваат во Германија.

Македонија на 4 и 6 ноември во Каиро ќе одигра две контролни средби со Египет.

Ова е дел од подготовките за престојниот настап на ЕП во Унгарија и Словачка, каде Македонија е во група со Црна Гора, Данска и Словенија.