Завршено е асфалтирање на последниот дел од ул.Пиринска а со тоа целата улица доби комплетно нов лик. Изведувач на работите е фирмата Ескаватори а вкупната површина на асфалтирање е околу 800 метри квадратни, ова го соопштија од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.