четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Лагос се урна зграда од 21 кат

Во Лагос се урна зграда од 21 кат

Зграда од 21 кат се урна денеска во Лагос, во Нигерија, и засега не се знае колку луѓе останале под урнатините или колку жртви има, иако се стравува дека бројот на загинатите е голем, јави Си-Ен-Ен.

Зградата се наоѓала во богатиот градски кварт Икоџи, каде што се градат луксузни апартмани.

-Мислев дека е земјотрес, кога набрзина излегов од мојот стан нешто по 15 часот. Почувствував како зградата се движи и знаев дека нешто не е во ред, изјави за Си-Ен-Ен, Олу Апата, кој живее во близина и е претседател на нигериската адвокатска комора.

Апата додаде дека зградата била во градба во последните две години и дека инвеститорот претходно бил на средба со потенцијалните купувачи.

На видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето го гледаат местото на несреќата и купиштата искршени бетонски плочи.  На една снимка се гледа дека по уривањето на објектот се крена голем облак прашина кој ја прекри населбата.

На една снимка се гледа дека по уривањето на објектот се крена голем облак прашина кој ја прекри населбата.

Уривањето згради е релативно честа појава во Лагос, најголемиот нигериски град со население од околу 20 милиони жители.

Во текот на 2019 година, десетици лица загинаа во уривање на две одделни згради.

Еден експерт тогаш изјави за Си-Ен-Ен дека во Лагос е загрозени повеќе од 1.000 згради. (МИА)