среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ги откри вистинските зборови: Еве што им рекол синот на Туцаковиќ на Цеца, Матиќ и Калиниќ, по ова тие со „право“ си заминале од погребот

Ги откри вистинските зборови: Еве што им рекол синот на Туцаковиќ на Цеца, Матиќ и Калиниќ, по ова тие со „право“ си заминале од погребот

Синот на Марина Туцаковиќ, раскажа детали од погребот на својата мајка, а во еден момент се осврна и на ситуацијата која медиумите ја нарекоа вистински скандал поврзан со Цеца, Саша Матиќ и актерот Милан Калиниќ.

-Работата беше едноставна, одредивме круг на луѓе кои ќе бидат во капелата, а пред тоа луѓето доаѓаа да изразат сочувство. И нив ги замолувавме да ги почитуваат правилата, да нема ракување и бакнување, ниту да има бацување на ковчегот и останато, вели Милан Радуловиќ – Лача.

Тој додава дека ништо во медиумите не прочитал во врска со така наречениот скандал.

-Потоа следуваше погребот, а луѓето ги замолив само да остават цвеќе и да се приближат на гробот и секако да се простат од Марина, но штом заврши церемонијата. И тоа беше тоа, тврди Лача.

-Во еден момент се огласив на Твитер поради моите пријатели кои постојано ми праќаа вести од медиумите, но јас не ги отворав, додава тој.

Инаку наспроти неговите тврдења, во медиумите уште веднаш по погребот излезе веста дека синот на Туцаковиќ не дозволувајќи им да се приближат на Цеца, Матиќ и Калиниќ до гробот меѓу редови сакал да ги избрка.

Најнови вести