вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев не се појави на денешното судење во судницата во спорот кој го води против Николоски

Заев не се појави на денешното судење во судницата во спорот кој го води против Николоски

Заев иако денеска не се појави пред судот, неговиот адвокат кој го застапува побара јавно извинување од страна на Николоски.

Заев, инаку го тужи Николоски за изјава дадена во медиумите во врска со случајот Рекет.

-Со неговата изјава само се сака да се повреди честа и угледот на Заев, вели неговиот адвокат.

Тој додава дека бара паричен надомест од околу вкупно 500 евра.

Николоски пак пред судот изјави дека тужбеното барање на тужителот е неосновано од повеќе причини.

-Спорната изјава од моја страна е дадена во целост согласност со правото на слобода на изразување, загарантирано со Уставот на РМ и Европската конвенција за човековите права, вели Николоски.

Тој додава дека како тужен му предлага на судот да донесе пресуда со која тужбеното барање на тужителот ќе го одбие како неосновано.

Судењето се уште трае…

Најнови вести