понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Колев во работна посета на Градскиот пазар во Велес

Колев во работна посета на Градскиот пазар во Велес

Денеска бев во работна посета на Градскиот пазар и направив увид во текот на градежните активности на фаза 2 од пазарот. Остварив средба со изведувачот на градежните зафати „Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје“ и надзорниот орган од „МБМ Инженеринг“, стои во Гејсбук објавата на новиот градоначалник на Велес, Марко Колев.

Тој напиша дека на состанокот укажале на потребата од забрзување на динамиката на работните активности со цел што поскоро да се изгради пазарот и да се создадат соодветни услови за работа за продавачите на земјоделски и други производи.

– Истовремено се договоривме до Општина Велес да достават нов динамичен план на работни активности, додаде Колев во својата објава.