Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во просториите на Општина Гази Баба попладнево оствари средба со Амбасадорот на Република Унгарија Ласло Дукс.
“Попладнево, остварив средба за запознавање со Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс. На средбата разговаравме за воспоставување на поблиска соработка како и за можноста за реализација на заеднички проекти од повеќе области на територија на Општина Гази Баба”, информираше градоначалникот Стефковски на својата официјална фејсбук страна.