Најмалку осум лица загинаа ноќта на отворањето на големиот музички фестивал Astroworld во Хјустон, Тексас, кога на влезот се случи стампедо, а неколку луѓе беа повредени, соопшти противпожарната служба на тој град, пренесува Ројтерс.
Станува збор за музичкиот фестивал Astroworld. Третиот годишен фестивал привлече голем број посетители, од кои некои не сакаа повеќе да чекаат да се отворат портите и да влезат во просторот ограден и наменет за фестивалот.
As we were arriving to the Astroworld Festival at NRG Park right at 2:00, a stampede burst through the gates. Hundreds of people destroyed the VIP security entrance, bypassing the checkpoint. People were trampled. Some were detained.
(Excuse any language you may hear) pic.twitter.com/d0m2rjqAAk
— Mycah Hatfield (@MycahABC13) November 5, 2021
Локалниот огранок на ABC извести дека на првиот ден од фестивалот настанал хаос штом портите се отвориле околу 14 часот по локално време и дека стампедо од луѓе ги пробиле портите.
Во трката и туркањето за што побрзо да се пробијат портите и да се влезе, повредени се осум лица, а повредени се и голем број посетители. Пожарникарите соопштија дека реанимација била извршена на најмалку две лица.
На лице место се забележани десетици амбулантни возила, здравствени работници и друг персонал, јавува локалниот огранок на АБЦ.
Противпожарната служба соопшти неколку часа откако беше пријавено дека на фестивалот има стампедо од луѓе.
Локалниот шеф на противпожарната служба Сем Пен изјави дека имало гужва пред бината и настанала паника.
Илјадници луѓе, според АБЦ, го уништиле безбедносниот влез за ВИП лица, заобиколувајќи го контролниот пункт, а некои биле приведени.
⚠️🇺🇸#URGENT: Multiple injuries reported at Astroworld Music Festival in Houston, Texas#Houston l #TX
A large medical response is underway at NRG Park for ‘several patients’. Disturbing footage from the scene shows EMS performing CPR on three patients.
Gathering more details! pic.twitter.com/5LPUHX7pnz— Intel Point ALERT (@IntelPointAlert) November 6, 2021