За да имате свеж и пријатен здив секако неопходно е редовното одржување на оралната хигиена. Користењето на разни средства и гуми за џвакање редовно го освежуваат здивот.
Еве неколку збора за тоа како на природен начин да дојдете до пријатен здив:
Целер, јаболка, морков…
Овие намирници имаат голема моќ да ја прочистат устата и да ве ослободат од непријатниот здив. Секако овие продукти се многу моќни, па освен што влијаат здраво на вашето тело се смета и дека ги уништуваат патогените бактерии во устата.
Црн и зелен чај
Богати се со полифеноли и се одлични извори на антиоксиданси кои пак се вистински благодет за телото и за дезинфекција на устата. Имаат одлична прочистувачка моќ, така да скоро секогаш ефикасно ве ослободуваат од непријатниот здив.
Витамин Ц
Овој витамин е одличен за целото тело па и за устата, ги штити непцата, а со тоа ја намалува ризичноста од размножување на патогени бактерии.
Рецепт со цимет
Една кафена лажица цимет измешајте во една мала чаша млака вода и потоа исперете ја устата. Освен што ќе имате одличен здив, ќе ги уништите и мноштвото од патогени бактерии кои се населиле во устата.