среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мајсторски потег на Мицкоски, матиран Заев

Мајсторски потег на Мицкоски, матиран Заев

По вчерашниот договор кој го постигна ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА и Левица партиите обезбедја мнозинство во Собранието. Тоа е доволно за гласање на недоверба и смена на власта. По одличниот изборен резултат на локалните избори ова е уште еден мајсториски потег на Христијан Мицкоски со кој целосно е матиран Зоран Заев. Математички прецизно, Мицкоски го испрати Заев во политичка пензија.

Во текот на вчерашниот ден Заев и официјално ја поднесе оставката од лидерската позиција на СДСМ. Согласно Статутот на партијата со оставката на Заев во оставка е и целото раководство на паријата. СДСМ тоне и со себе ги повлече и останатите. По 18 години во владина коалиција ДУИ заминува во опозиција.

Македонија беше топ тема во регионот кога на 31 октомври Зоран Заев си поднесе оставка. И денес насловните страници на медиумите во регионот се во знакот на падот на власта на Зоран Заев.

Заев од миленик на странците, реформатор, нобеловец, и силна поддршка од надворешни фактори доживеа длабок пораз кој предвидува длабока опозиција. Толку од играта на Заев „ол ин“. Мицкоски со хируршки потези ја сруши владата на Заев која не испорача ЕУ реформи и подобар и просперитетен живот за граѓаните, туку Македонија е на прагот на политичка, економска и енергетска криза која ќе удри по џебот на граѓаните. Мицкоски трпеливо чекаше, ја издигна партијата ВМРО-ДПМНЕ, ја обнови, создаде добар и мотивиран тим, ја обедини опозицијата и создава нова реалност.

Најнови вести