понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Василев: Истражната постапка за лицата врз кои е изречено помилувањето мора веднаш да запре

Василев: Истражната постапка за лицата врз кои е изречено помилувањето мора веднаш да запре

Во кривичен суд денеска продолжи судењето за случајот „Титаник“, на кое се изведуваат воведните говори. Според бранителот Петар Василев, во овој предмет постојат голем број на процедурални грешки и грубо кршење на правото на одбраната. Прашањето околу помилувањето од страна на претседстелот на државата е факт кој предизвикува трајни последици врз обвинетите.

-Во членот 304 став 1 се вели дека јавниот обвинител ќе запре истражна постапка ако има застареност на предметот или постои изречена амнестија или помилување. Ако го имаме во предвид овој закон кој сега го цитирав, истражната постапка по лицата врз кои е изречено помилувањето мора веднаш да биде запрена, рече Василев.

Тој додаде дека државниот орган мора да го почитува овој закон и веднаш да побара запирање на постапката. Тоа го стори и Врховниот суд на Грција кој што одлучи дека помилувањето е сеуште во правна сила па затоа не ги екстрадираше лицата кои обвинителството ги гони и побара за нив да биде распишана меѓународна потерница.

-Како правилно би одлучил Врховниот суд во Грција побара и стручно мислење од страна на Институтот за меѓународно право. Еднаш изречено помилување предизвикува трајни и конечни постапки врз лицата за кои е изречено помилувањето, рече бранителот Василев.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Најнови вести