понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски го зададе најсилниот пораз на СДСМ на едни локални избори во историјата на независна Македонија

Мицкоски го зададе најсилниот пораз на СДСМ на едни локални избори во историјата на независна Македонија

Целосен пресврт на македонската политичка сцена откако лидерот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го зададе најсилниот пораз на СДСМ и Зоран Заев на локалните избори.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори освои 41 општина, или со коалициските партнери 43, како и Град Скопје, додека владејачката партија СДСМ освои само 16 општини.

ТЕЖОК ПОРАЗ

Изненадувачки или не, паднаа во вода сите калкулации за голема победа на СДСМ и Зоран Заев, а со ова се разниша и комодитетот и моќта на првиот човек на власта, Заев.

Ако се земе во предвид дека до сега ниту една политичка партија изминатите 30 години од позиција на власт не освоила ваков мал број на општини, слободно може да се каже дека убедливата победа на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на локалните избори всушност го зададе најтешкиот пораз на СДСМ и Заев.

Имено, Мицкоски и покрај огромните причини за славење по завршување на вториот круг, сепак остана доследен на она кое што го најавуваше за време на предизборната кампања, а тоа е дека нема славење, туку работа, но и обид за формирање на ново парламентарно мнозинство.

Од друга страна СДСМ има многу причини за незадоволство, од поразот, од слабиот коалициски капацитет, нереализирани ветувања, неисполнети очекувања , па се до потврда дека граѓаните на овие избори ниту Заев, ниту пак неговите кандидати за градоначалници не ги доживуваат како способни.

Лошиот изборен резултат беше причина уште истата вечер на 31ви октомври Заев да си поднесе оставка и од претседателската, но и премиерската позиција, со што само дополнително ја подгреа ситуацијата, но и се отвори простор за искажување на големото незадоволство помеѓу владините коалициони партнери за кои претходно ги отфрлаа шпекулациите дека е можен пресврт.

ЦЕЛОСЕН ПРЕСВРТ

Во македонската политичка сцена се случува целосен пресврт. Слабиот коалициски капацитет на Заев излезе на површина, а нестабилното парламентарно мнозинство се распадна. Имено, по најавената оставка на Заев, додека медиумите пишуваа прогнозирајќи кој од СДСМ ќе ја наследи премиерската фотелја, лидерот на опозицијата Мицкоски веќе објави дека е формирано ново парламентарно мнозинство, а на прес конференција изјави дека ќе се потруди да формира влада.

Мицкоски на фејсбук напиша дека ново парламентарно мнозинство го сочинуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците, Алтернатива, БЕСА и Левица, кои заедно бројат 61 пратеник, доволно за формирање на нова влада и гласање на недоверба на сегашната влада, доколку Заев се предомисли за најавената оставка, која впрочем се уште не е доставена до Собранието.

Овде се можни две варијанти за кои и самиот Мицкоски ги најави, односно формирање на влада или гласање на недоверба на владата на СДСМ и распишување на предвремени парламентарни избори, кои со оглед дека власта е целосно поразена, со сигурност може да се каже дека и таму ВМРО-ДПМНЕ би била победник.

Ваквото формирање на ново парламентарно мнозинство на само 6 дена по локални избори потврдуваат дека обвинувањата на Мицкоски дека владиното мнозинство е нестабилно се точни, а не шпекулација.

ПРИЧИНИ ЗА ВАКОВ КРАЈ

Причините за пораз на владејачката СДСМ и Заев се големи. Од нереформирана партија, слаб коалициски капацитет, слаби и истрошени кадри, раскол во партијата, нереализирани ветувања, немање идејност и визија, црна кампања наместо нудење на решение за граѓаните, арогантниот однос кој што беше се по присутен во време на предизборната кампања, но и криминалните и коруптивни афери и скандали на високи владини и партиски функционери.

Но, внатрепартиските случувања и превирања во СДСМ допрва ќе излегуваат, со оглед дека за Заев ова не беа само обични локални избори, туку и пораз на целокупното работење на владата, нанесен од лидерот на опозицијата Мицкоски.

Најнови вести