Министерството за труд и социјална политика ја демантира веста објавена денеска од страна на порталот „Курир“ со наслов „Шахпаска се обезбеди со генератор на струја, за граѓаните свеќи“.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека ниту е набавен генератор, ниту пак ваква набавка е во планот за јавни набавки на Министерството.
Веста на порталот “Курир” е целосно невистинита и претставува тенденциозна конструкција.
Од тие причини бараме од „Курир“ и останатите портали „Лидер“ и „Денешен“ кои ја пренесоа веста, да го објават овој демант.