вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарите по втор пат поразени од Египет

Ракометарите по втор пат поразени од Египет

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва загуби од Египет на гостувањето во Каиро со 31:26.

Ова е втор пораз за избраниците на селекторот Кирил Лазаров по вчерашните 32:25. Двата натпревари против Египет беа во рамки на ЕХФ неделата резервирана за меѓународни контролни натпревари.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Филип Талески со девет гола, Цветан Кузманоски имаше седум реализации, Мартин Велковски стрела пет пати, Игор Ѓоргиев постигна два, додека крилата Никола Костески и Гоце Георгиевски и пивотот Жарко Пешевски погодија по еднаш.

Македонската репрезентација на почетокот на следната година ја очекува настапот на Европското првенство. Противници бво групата ќе и бидат Словенија, Црна Гора и Данска.