четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новите градоначалници срaботеа за една недела колку старите за цела година

Новите градоначалници срaботеа за една недела колку старите за цела година

По катастрофалниот пораз на локалните избори за СДСМ, додека се чека официјалната оставка на Зоран Заев од премиерската функција, на вчерашната прес конференција Христијан Мицкоски им порача на новите градоначалници да ги засукаат ракавите, и промените да бидат видливи.

Мицкоски на средба со новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ им порача дека нема повеќе службени привилегии за градоначалниците, да започнат најмалку три капитални проекти веднаш во секоја општина и да бидат на терен заедно со народот, да го слушнат гласот на народот и нивните проблеми.

И додека СДСМ не можат се уште да излезат од шокот по поразот на локалните избори, новоизбраните градочалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги засукаа ракавите уште од првиот работен ден.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски уште од првиот ден започана со чистење на сите месни и урбани заедници во општината. По Расадник се чистеше и Бирарија. Уште на самиот старт покажа дека Општината ќе биде сервис на граѓаните. Орце Ѓоргиевски самиот лично потпиша над 100 решенија за легализација и со неговиот тим лично ги достави до граѓаните.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на самиот старт започна со чистење на дивите депонии низ општината и зачувувањето на зелените површини. Уште првата недела од неговиот мандат започна постапка за изградба на две нови детски градинки.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски започна целосна реализација и реконструкција на кошаркарско игралиште во основното училиште „Глигор Прличев“ во Железара. Комлетно е исчистена и дивата депонија на гробиштата Камник во Ченто. Се работи и на фекална канализација и увид во градежните работи во Јурумлери.

Градоначалникот на Општина Неготино, Горан Стојанов уште првиот ден започна со акција на чистење на дивите депонии во подрачјето на општината. Се чисти дивата депонија на патот Тимјаник-Д. Дисан. Покрај активностите како Градоначалник, Горан Стојанов остана да работи и како доктор. Тој ја информира јавноста дека покрај новата функција, шест часа во неделата ќе биде достапен и за своите пациенти. Д-р Стојанов за време на најголемиот ковид бран во градот беше одогворен за ковид центарот.

Новите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш се зафатија со работа и проекти, се откажаа од службените возила, репрезентации и привилегии. Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за една недела работат повеќе и со видливи резултати за една недела отколку градоначалниците на СДСМ за цела година.

Најнови вести