четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски го менува Ѓорче, го прави место без заборавени места: Жителите на две села добиваат пристапни патишта до обработливите површини

Стојкоски го менува Ѓорче, го прави место без заборавени места: Жителите на две села добиваат пристапни патишта до обработливите површини

Ѓорче Петров добива рамномерен развој и станува општина во која секој граѓанин е важен. Ова го смета градоначалникот Александар Стојкоски, кој денеска беше во посета на две села во општината, Орман и Никиштани. Таму се изведуваат два значајни проекти за жителите, а тоа е овозможување на полесен пристап до обработливите површини за нив, во секој период од годината.

„Навистина не ми е тешко да газам по патот каде моите сограѓани газат секојдневно. Бев во Никиштани и Орман, две села кои имаат свои обележја. Тука, голем дел од нашите сограѓани се занимаваат со земјоделство. Ние како општина, ќе направиме се да им го олесниме процесот и да ги мотивираме! Затоа, се тампонираат пристапните патишта до обработливи површини во Никишатни и Орман! Веќе овој зимски период ќе биде полесен за пристапот до нивните ниви, без куп кал и шут. Секој заслужува внимание и помош, а ние правиме се што можеме за сето ова да стигне до секој жител на Ѓорче“, објави градоначалникот Стојкоски.

Тој посочи и дека Ѓорче се менува, што е слоган под кој настапува додека ги спроведува проектите низ општината.

„Секој дел од нашата општина веќе се развива рамномерно. И да, ова е почеток! А има да го направиме Ѓорче најубаво, за сите!“, додаде Стојкоски.