Пред 58 години, на 11 ноември 1963 година излезе од печат првиот број на првиот вечерен катадневен информативен весник на НИП “Нова Македонија” – ВЕЧЕР.
Весникот беше наменет за брзо, кусо и јасно информирање за се она што се случува кај нас и во светот.
Првиот број на Вечер е отпечатен на 16 страници – половичен формат од стандардниот формат на Нова Македонија. Во првиот број на Вечер се објавени вкупно 82 текстови и 31 фотографија. Првиот новинарски состав беше составен од 35-мина вработени.
Вечер е вториот најстар весник во Македонија, по Нова Македонија.