На следните два големи настани – Светското првенство за жени во Шпанија, како и Европското првенство во машка конкуренција кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка, ќе има строги ковид мерки од страна на домаќините.
Претседателот на ракометната Бундес лига, Уве Швенкер во интервју за германската тв „НДР“ истакна дека според информациите на ИХФ и ЕХФ, на двата големи настани ќе можат да играат само вакцинирани играчи.
Светското првенство кај дамите започнува на 1 декември, додека од 13, па сѐ до 30 јануари следната година, Унгарија и Словачка ќе бидат домаќини на Европското машко сениорско првенство, каде што ќе игра и Македонија.