понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев паѓа, СДСМ во криза

Заев паѓа, СДСМ во криза

Заев тоне, а со себе ја повлече и СДСМ. Заев доживеа катастрофален пораз на локалните избори, граѓаните одлучија дека се против оваа Влада, а ВМРО-ДПМНЕ со 100.000 разлика го порази расипничкото владеење на СДСМ.

Владеењето на Заев им донесе историски пораз на СДСМ и наместо одговорност и депонирање на најавените оствки од Заев, СДСМ бара оставки во победничкиот блок. По историската победа на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, само киднапирање на пратеник успеа да им ја продолжи власта за уште ден плус.

Заев ја уништи демократијата во Македонија и уште еднаш го самопотврди хибридниот режим. Заев не успеа да обезбеди владеење на правото и правдата, Заев не успеа да создаде функционални и реформирани институции. Напротив Македонија тоне во корупција, криминал и наместо демократски процеси во Македонија се користат методи како во јужно-америчките нарко картели.

Владата на Заев не испорача ЕУ реформи, подобар и просперитетен живот за граѓаните, туку Македонија е на прагот на политичка, економска и енергетска криза која ќе удри по џебот на граѓаните.

Македонија е во економска, енергетска и здравствена криза а Заев си игра држава. Безизлезноста и очајот по дебаклот на локалните избори како и задржувањето на позициите по секоја цена го доведе Заев на работ на политичка глупост.

По катастрофалниот пораз на СДСМ и одложувањето на оставката на Заев, политичката партија е во криза а низ ходниците во СДСМ веќе се шепотат имињата на можните нови заменици на Заев. Како што пишуваат неколку медиуми помеѓу неколкуте заменици на Заев се најавува и поранешниот Градоначалник кој катастрофално ги изгуби изборите во Скопје, Петре Шилегов. Стари и истрошени кадри е понудата на СДСМ за новиот партикси лидер.

Заев од миленик на странците, реформатор, нобеловец, и силна поддршка од надворешни фактори доживеа длабок пораз кој предвидува длабока опозиција. Толку од играта на Заев „ол ин“. Сега следува пребарување на нов лидер меѓу социјалдемократите кој треба да го замени Заев.

Најнови вести