сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Денеска во Валенсија Валентино Роси се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беа синоним со неговото име

Денеска во Валенсија Валентино Роси се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беа синоним со неговото име

Денеска во Валенсија легендата Валентино Роси се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беа синоним со неговото име.

Денот е обележан со симболи. Валентино и Валенсија го имаат истиот латински збор во коренот, а збирот на цифрите од датумот на кој ќе ја возат последната трка дава 46 (14 + 11 + 21).

Единствениот кој освои титули, девет од нив, во сите четири класи, возеше во 44,4 отсто од сите ГП шампионати во историјата, постигна вкупно 115 победи и 235 подиуми. Сепак, неговото наследство ќе ги надмине сите рекорди. Последен пат ја освои титулата во 2009 година, освојувајќи ја трката пред четири години, но и понатаму е најпопуларен. Вечниот Петар Пан, со својата харизма, го претвори моторниот спорт од страст на група лудаци, во љубов на милиони ширум светот, која ги држи италијанските баби заковани на малите екрани во недела.

Синот на мотоциклистот Грацијан бил познат како „искушението на Тавулија“, гратче низ чии улици уште како момче ги „возело“ моторите, а кое денес е место за аџилак на моторџиите. По две титули во класите 125 и 250 кубика (1997 и 1999 година), во 2000 година преминува во „кралската класа“, кога го зема прекарот Il Dottore (доктор). Најпознат по успесите на Јамаха, тој менуваше мотоцикли за да докаже дека не победува поради нив.