Љубовта кон фудбалот и црвено жолтата се стекнува, но и пренесува од татко на син, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со синот го гледаше натпреварот Македонија- Исланд.
-Со Јован гледаме врвен фудбал среде Скопје. Честитки до фудбалерите кои со срце на терен се изборија за Македонија! Ова е ваша победа за нашата заедничка Македонија!, пишува Мицкоски на Фејсбук.