понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Кичево ќе се справува со кучињата скитници

Општина Кичево ќе се справува со кучињата скитници

Во Кичево утре ќе стапи во сила договорот помеѓу општината и ветеринарната станица „Ино Вет” која ќе има обврска да се справи со кучињата скитници на територијата на општина Кичево.

На ваков начин, како што соопштуват од општината, ќе се обидат да се справат со проблемот со кучињата скитници.

Од општина Кичево бараат граѓаните кучињата кои имат сопственик да бидат соодветно обележени за да можат да бидат препознаени, со цел да не се дојде до ситуација и тие да бидат третирани од службата на ветеринарната станица.

(Миа)