понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче: Комисијата за заразни болести утре ќе разгледува нови рестрикции за невакцинираните

Филипче: Комисијата за заразни болести утре ќе разгледува нови рестрикции за невакцинираните

Комисијата за заразни болести утре ќе има состанок на кој ќе бидат разгледани нови мерки за спречување на КОВИД-заразата и ќе се однесуваат на невакцинираните.

Министерот за здавство Венко Филипче во Дневникот на ТВ Канал 5 вечерва изјави дека по состанокот ќе достават конкретни предлози до Владата. Новите рестрикции ќе се однесуваат на невакцинираните затоа што, рече, тие најмногу ги оптоваруваат болниците.

– Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравтвениот систем, изјави Филипче.

Посочи дека во изминатите денови комуницирале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои земји во Европа.

Потсети и дека од вчера е во сила мерката при влез во објекти и на настани граѓаните да приложат сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Досега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина. (МИА)

Најнови вести