понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Емил Павлов се пласира во финалето на СП во Дубаи

Емил Павлов се пласира во финалето на СП во Дубаи

Македонскиот каратист Емил Павлов избори финале на Светското првенство во Дубаи.

Македонецот ќе се бори за златото категоријата до 67 килограми,откако во полуфиналето го победи Мартиал Тадиси од Унгарија.

Противник на Павлов во борбата за златниот медал ќе биде Стивен Дакоста од Франција. Мечот треба да се одржи в сабота околу 18 часот.

На патот до финалето, Павлов ги победи Хомола од Словачка, Сајматов од Узбекистан, Хамат од Јордан, Елксави од Египет и денес Тадиси од Унгарија.