понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Брисел не треба да си игра со чувствата на граѓаните, потребно е да има датум за преговорите

Мицкоски: Брисел не треба да си игра со чувствата на граѓаните, потребно е да има датум за преговорите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма коментирајќи ги изјавите за добивање на можен датум за почеток на преговорите со Европската унија во декември, како и изјавите на Никола Димитров за добивање на датум во јануари, рече дека тој инсистира добивањето на датум да се случи во декември бидејќи граѓаните на Македонија заслужуваат да го добијат тој долго посакуван датум, нагласувајќи дека Брисел не треба да си игра со чувствата на граѓаните.

– Во јануари не може да биде. Може да биде во декември и јас инсистирам да биде во декември бидејќи народот и граѓаните на Македонија, без разлика Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци итн, доволно многу направија изминатите 30 години за да го добијат тој посакуван и заслужен датум, бидејќи доста се подигруваа со нас и тие во Брисел и заслужуваме како народ, како граѓани да го отпочнеме овој процес. Затоа што ако континуирано некој си игра со чувствата на овој народ, на граѓаните на Македонија, тогаш ние секогаш ќе најдеме некаков начин да го опструираме тоа. но мислам дека овој пат потребно е конечно Европа да застане позади интересите на овој народ, кој што многу пати во минатото застанал зад интересите на Европа и европските вредности и да го даде тој долго посакуван датум за отпочнување на преговорите. Потоа нека не остават нас самите да се екипираме, да почнеме да преговараме со Европската Унија бидејќи ние тоа и го заслужуваме, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести