недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Амазон прекинува да прифаќа плаќања со Visa кредитни картички од Британија

Амазон прекинува да прифаќа плаќања со Visa кредитни картички од Британија

Амазон соопшти дека ќе престане да прифаќа Visa кредитни картички издадени во Велика Британија поради спор околу таксите.

Гигантот за онлајн трговија објави во соопштение дека кллиентите нема да може да ги користат британските кредитни картички кон американската компанија за да вршат плаќања од 19 јануари, обвинувајќи ги високите такси што ги наплаќа Visa за обработка на трансакциите.

Сепак, купувачите ќе можат да користат Visa дебитните картички и други кредитни картички, вклучувајќи ги Mastercard и American Express. Во соопштението се сугерира дека кредитните картички Visa издадени во други земји ќе продолжат да се прифаќаат.

Visa изрази силно разочарување што Амазон се заканува да го ограничи изборот на потрошувачите во иднина.