вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп ја потврди посетата на Ким Јонг-чол на Њујорк

Трамп ја потврди посетата на Ким Јонг-чол на Њујорк

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска потврди дека високиот севернокорејски претставник Ким Јонг-чол пристигнува на разговори во Њујорк за евентуалната средба меѓу Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.

-Составивме прекрасен тим за нашите преговори со Северна Кореја. Во моментот се одржуваат состаноци поврзани со Самитот. Ким Јонг-чол доаѓа во Њујорк. Одличен одговор на моето писмо, Ви благодарам!, напиша Трамп на Твитер.

Претходно, јужнокорејските медиуми објавија дека Ким Јонг-чол бил на листата на патници на денешниот лет од Пекинг за Вашингтон, а потоа неговата резервација била сменета за в среда и за друга дестинација – Њујорк.

Ким Јонг-чол е поранешен шеф на воената разузнавачка служба на Северна Кореја, а сега е потпретседател на Централниот комитет на владејачката партија задолжен за меѓукорејските односи.