недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

МВР: 65 санкции за брзо возење во СВР Битола

МВР: 65 санкции за брзо возење во СВР Битола

Денеска (18.11.2021) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 65 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 33 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.