понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ако Кастриот Реџепи верува во иднината за која зборува требаше да се појави на седницата на која требаше да се гласа за недоверба на владата

Мицкоски: Ако Кастриот Реџепи верува во иднината за која зборува требаше да се појави на седницата на која требаше да се гласа за недоверба на владата

Кастриот Реџепи беше меѓу главните критизери на владата предводена од СДСМ и ДУИ се потпиша како 61 на оној список кој требаше да биде список за гласање недоверба на владата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Илинден.

Јавноста, додаде тој, е сведок што се случуваше.

– Доколку тој, Кастриот Реџепи веруваше дека иднината која ја споменува, можеше да дојде и да гласа по своја волја. Но, сите знаат дека причината е сосема друга и поинаква, кажа Мицкоски.

Мицкоски вели дека Реџепи бил спречен да дојде и да гласа на седницата за недоверба на владата.

– Искрен да бидам, тој треба да даде одговор на прашањата, но за мене е загрижувачки дека најавите од источниот сосед се дека ќе продолжи агонијата за влез во ЕУ, а јас апелирам до меѓународните претставници да и го дадат на Македонија заслуженото, да почнеме да преговараме и да ги покажаме вредностите кои ги практикуваме, а тоа се вистинските европски вредности, кажа Мицкоски.

Најнови вести