Ситуацијата со кинеската тенисерка Шуаи Пенг уште не е решена, иако од Кина пристигнаа фотографии за тоа дека таа во моментов е на безбедно место, откако претходно беше исчезната и никој не можеше да ја контактира.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од тенисерката, која наводно е во нејзиниот дом и се чувствува безбедно, но не одговарала на повиците затоа што не сакала никој да ја вознемирува.
„Таа наскоро ќе се појави во јавност и ќе учествува во некои активности“, пишува еден кинески новинар за состојбата на тенисерката.
Ова се првите фотографии од тенисерката откако загриженоста на светската јавност почна да расте, но сепак многумина се сомневаат дека тие се вистински.
Поранешната тенисерка го обвини поранешниот заменик премиер на Кина, Гаоли Жанг дека ја силувал во неговиот дом.
Peng Shuai’s WeChat moments just posted three latest photos and said “Happy weekend”.
Her friend shared the three photos and the screenshot of Peng’s WeChat moments. pic.twitter.com/tut8CEH6gu— Shen Shiwei沈诗伟 (@shen_shiwei) November 19, 2021