четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Шест лица се повредени во Швајцарија при пад на божиќни украси во трговски центар

Шест лица се повредени во Швајцарија при пад на божиќни украси во трговски центар

Шест лица се повредени на истокот на Швајцарија во трговски центар каде паднале божиќни украси, соопшти локалната полиција. Полицијата соопшти дека паднале греди на кои биле поставени шарени светилки и други празнични украси.

Инцидентот се случил во гратче во кантонот Швиц, а според локалните медиуми зградата била евакуирана откако украсите паднале.

Медиумите објавија фотографии од местото на настанот, на кои се гледаат бројни возила на брза помош.

Полицијата соопшти дека сите повредени се пренесени во блиската болница.