недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Роднина кој чека информација од „Беса Транс“: За трагедијата дознавме од интернет- од Агенцијата не се јавуваат, институциите да информираат

Роднина кој чека информација од „Беса Транс“: За трагедијата дознавме од интернет- од Агенцијата не се јавуваат, институциите да информираат

Во „Беса Транс“ се јавуваме 3- 4 часа и немаме информации од туристичката агенција, не се ни јавуваат, ова не е добро, вели роднина кој чека информација од Агенцијата за трагедијата во Бугарија.

За трагедијата, велат, дознале од интернет.

-Ги замолувам институциите да дадат било каква информација.

Инаку, група граѓани- родинини и пријатели на жртвите во автобуската несреќа на компанија „Беса Транс”, од утрово се собрани пред седиштето на компанијата во Скопје, интересирајќи се за своите своите најблиски.

Седиштето на „Беса Транс”, чиј автобус враќајќи се од Истанбул денеска имаше несреќа во Бугарија при што загинаа над 45 граѓани на Македонија, од утрово го обебзедуваат и полициски службеници.

Привичните информации од надлежните органи кажуваат дека четири автобуси од ова скопска компанија патувале викендот за Турција.

Најнови вести