среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нова дилема: Осмиот преживеан патник во автобуската несреќа е со арапско потекло?

Нова дилема: Осмиот преживеан патник во автобуската несреќа е со арапско потекло?

Се појави дилема дали осмиот патник кој ја преживеал автобуската несреќа во Бугарија која се случи завчера е извесен 36- Шади Науф ал Салех, од Обединетите Арапски Емирати.

Оваа забуна се појави откако на денешната прес конференција на бугарското јавно обвинителство, е кажано дека од автобусот се извлечени 44 тела, а 8 од патниците преживеале. Претходно се сметаше дека загинале 45 патници.

Името на ал Салех произлегува од списокот кој го добиле роднините на преживеаните во болницата во Софија. Истото го тврди и синот на едниот возач, кој пак вели дека од официјалниот список кој го објави македонското МНР ова лице недостасува. Случајот се истражува.

Најнови вести